Антиќ и Мекејлеб на списокот на Давитков

Македонската кошаркарска репрезентација утре ќе го има првиот собир од подготовките за претквалификациите за Светското првенство закажани за август.Селекторот Јорданчо Давитков го објави поширокиот список со повикани играчи на кој се најдоа и Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб.
Список на кошаркари пријавени во ФИБА:1. Војдан Стојановски2. Горјан Марковски3. Бојан Трајковски4. Александар Костоски5. Марко Симоновски6. Кирил Николовски7. Бојан Крстевски8. Марјан Јанески9. Перо Антиќ10. Стојан Ѓуроски11. Игор Пенов12. Владимир Брчков13. Ненад Димитријевиќ14. Бобан Стајиќ15. Љубомир Младеновски16. Кристијан Николов17. Адем Мекиќ18. Александар Штерјов19. Предраг Пајиќ20. Андреј Маслинко21. Ѓорѓи Чековски22. Михајло Митев23. Џордан Теодор24. Лестер Бо Мекејлеб
Репрезентативците ќе тренираат во Скопје до 3 јули кога привремено ќе се преселат во Маврово. По 8 јули се враќаат во Скопје каде и ќе одиграат неколку пријателски натпревари.
На 10 и на 11 јули, репрезентацијата на Македонија ќе си ги одмери силите против соодветната селекција на Словачка, на гостински терен. На 15 јули Македонија ќе ја нагости Бугарија во Скопје. Потоа следи турнирот „Трофеј Македонија“ кој ќе се одржи во Скопје. На 20 јули македонската репрезентација ќе се надигрува со Португалија, ден подоцна против Холандија, а турнирот ќе биде затворен со натпревар против Босна и Херцеговина. Последен пријателски натпревар на македонската репрезентација во рамки на подготвителниот период ќе биде на 28 јули во Бугарија.
Во рамки на групата Ц, македонската репрезентација ќе се бори против селекциите на Косово и на Естонија за место во квалификациите за Светското првенство што во 2019 година ќе се одигра во Кина.Селекторот Јорданчо Давитков го објави поширокиот список со повикани играчи на кој се најдоа и Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб.
Список на к

Пронајдете не на следниве мрежи: