Антиќ и Олимпијакос на мегдан со Барселона

 Две средби, во среда ќе го отворат 10.коло во кошаркарската Евролига. На програмата се дуелите Алба Берлин-Анадолу Ефес и Бамберг-ЦСКА Москва.Македонските репрезенти во ова натпреварување, Перо Антиќ (Олимпијакос) и Лестер Бо Мекејлеб (Фенербахче), со своите екипи дуелите од ова коло во Ф групата ќе ги одиграат во четврток.Антиќ со Олимпијакос на домашен терен ќе ја пречека Барселона, која со скор 8-1 е лидер во групата. Антиќ и колегите во досегашниот дел од Топ 16 фазата имаат шест победи и три порази.Мекејлеб со Фенербахче ги загуби шансите за пласман во четвртфиналето, а во оваа рунда за противник ќе го има израелскиот Макаби.Фенер во деветте одиграни кола има забележано само две победи, додека Макаби со победата во минатото коло стигна до ефект 4-5 и се врати во трката за пласман во четвртфиналето.Среда, 6.март:Група Е: Алба Берлин-Анадолу Ефес, Бамберг-ЦСКА МоскваЧетврток, 7.март:Група Е: Жалгирис-Реал МадридГрупа Ф: Олимпијакос-Барселона, Фенербахче Улкер-МакабиПеток, 8.март:Група Е: Уникаха-ПанатинаикосГрупа Ф: Химки-Монтепаски, Бешикташ-Каха Лаборал.
Макфакс Две средби, во среда ќе го отворат 10.коло во кошаркарската Евролига. На програмата се дуелите Алба Берлин

Пронајдете не на следниве мрежи: