Антиќ: Од нас многу се очекува, ние сакаме сличен успех како во Литванија!

Перо Антиќ е препознатливо лице во светот на кошарката, а двете титули европски првак со Олимпијакос и преселбата во НБА во тимот на Атланта хоукс го прави една од најголемите ѕвезди на европското првенство во Словенија. Во интервју за црногорскиот медиум „Побједа“, капитенот на македонската репрезентација вели дека очекувањата од овој состав се големи, а желбите се да се повтори  подвигот од Литванија пред две години кога бевме четвртопласирани.
„Од нас сите во Македонија очекуваат многу, а ние ќе одиме на победа на секој меч. Премиерата е против Црна Гора,  селекција што не победи во првиот наш натпревар во Литванија. Сега сакаме реванш, но сепак денешниот дуел не е најважен на првенството. Важна е секако, но што и да се случи нема да биде погубно за двете селекции, бидејќи групата Б е изедначена и секој секого може да победи. Црна Гора има одличен состав и нема да биде лесно против нив. Играат агрсеивна кошарка и мислам дека ќе биде исклучително интересен меч“, е изјавата на Антиќ.
Македонија беше вистински хит во 2011 на Евробаскетот на Северот на Европа, на Балтикот, кога на сензационален начин од апсолутни аутсајдери, стасавме на еден чекор до бронзениот медал. Сега амбициите се многу поголеми, се очекува нов успех, а капитенот вели дека имаме искусна селекција што нема да подлегне на притисокот.
„Атмосферата во репрезентацијата е извонредна, а идентично е ситуацијата и кај македонските симпатизери. Очекувањаѕа се големи, тоа се наметна само по себе со одличните игри и резултат во Литванија, но ние сме искусни и со стидени главиќе се обидеме да постигнеме максимум и ќе се обидеме да направиме сличен подвиг како во 2011 година“, дополни Антиќ. Против Црна Гора играме денеска од 17,45 часот во „Подмежакла“ арена во Јесенице. На претходниот шампионат загубивме од Црна Гора со 65-70 по продолжение од 5 минути, откако во регуларниот дел беше нерешено 61-61. За противникот тоа беше единствената победа на првенството, а ние игравме за бронзен медал против Русија и го остваривме највредниот успех во колективните спортови на репрезентативен план со освојување на четвртото место.
Извор: републикаПеро Антиќ е препознатливо лице во светот на кошарката, а двете титули европски првак со Олимпијакос и преселбата

Пронајдете не на следниве мрежи: