Аркан планирал да го убие Туѓман во Загреб: Службите за безбедност го спречиле во последен момент!

Кон средината на 1990. година, во тогашната Служба за државна безбедност (СДС) во Загреб, почнале да пристигнуваат информации за можна ликвидација на претседателот на тогашна СР Хрватска и шефот на ХДЗ, д-р Фрањо Туѓман.Атентатот по налог на властите во Белград требало да го извршат припадници на српските и црногорските криминални групи блиску поврзани со тамошната Служба за државна безбедност (СДБ).
Во формална смисла, хрватската разузнавачка служба СДС тогаш сѐ уште беше составен дел од федералната југословенска служба со седиште во Белград. Но, во оперативна смисла, функционираше како независна, национална и тајна служба обезбедувајќи им сигурност на тогашните нови хрватски власти.
Хрватските медиуми успеаа да добијат увид во документите на хрватски СДС кои откриваат досега непознати работи за драматичните случувања од мај, до средината на 1990-та година кога според хрватските разузнавачки служби, бил планиран атентат на д-р Туѓман.
Сѐ започнало со првото полициско депеше од мај 1990. година. Во него е напишано дека во хотелот „Еспланаде“ се појавило извесно лице со прекар Акрап со намера да изврши атентат на Фрањо Туѓман. Истото случување било издвоено и во информацијата на 133. Служба на државна безбедност. Таму пишувало дека Акрап бил наводно поврзан со четничко движење кое било нарачател на убиството на Туѓман.

Одредени сомнежи постоеле поради прекарот Акрап. Постоела можност дека станува збор за замена на прекарот Акрап за Аркан, односно Жељко Ражњатовиќ – тогаш познат белградски криминалец и привремен наемник на српската Служба за безбедност и егзекутор на хрватскиот мигрант Стјепан Ѓурековиќ седум години претходно во Германија.
Аркан во тоа време соработувал со луѓе со сличен профил, па се сметало дека тие можат да обезбедат дополнителни информации за можниот план за ликвидација на Туѓман. Еден од нив бил Ратко Ѓокиќ кој веќе им бил познат на хрватските агенти.
Во документите стоело дека Ѓокиќ е „повремено ангажиран од СДБ Титоград (Подгорица) и Белград за разни валкани работи, од претепување до убиства“. Во истиот документ стои важен податок дека „Ратко Ѓокиќ бил во многу добри односи со извесен Жељко кој го нарекуваат Аркан“.
Според хрватските агенти, тој бил убиец „по нарачка“, кој веќе неколку пати бил ангажиран да убива луѓе. Според изворот, Аркан бил со средна висина, „бејби“ лице, често е во Загреб, а кога се гледа со Ѓокиќ најчесто два до три дена престојува во хотелот Интерконтинентал. Покрај тоа, Аркан и Ѓокиќ се поврзуваат и со ликвидацијата на Ѓурековиќ. Според некои податоци наведени во информацијата со број 367. на СДС, пишува дека „Ѓокиќ и Ражњатовиќ се споменуваат како извршители на убиството на Стјепан Ѓурековиќ во Минхен. Притоа, Ѓокиќ како оружје за екгзекуцијата користел две мачети“.
Ѓокиќ и Аркан требало да делуваат вооружени со пиштоли. Со оглед на тоа што во тоа време се одржувала свеченост на откривање на споменик на кој што присуствувал Туѓман со останатите членови на неговата влада, постоеле сериозни индиции дека двајцата би можеле да извршат атентат. Сепак, хрватските разузнавачки служби иако претпоставувале дека ќе биде извршен атентатот, не утврдиле дека Ѓокиќ и Аркан пристигнале во Загреб тој ден, односно не успеале да ги фатат.
Кон крајот на 1990. година, во декември, Жељко Ражњатовиќ Аркан бил уапсен во Хрватска. Тоа кај Србите и Хрватите е позната епизода од увертирата на српско-хрватската војна. Но, се уште се малку познати деталите од неговите испитувања во затворот во Хрватска.
Аркан бил пуштен на слобода летото 1991. година, иако бил осуден на пет години затворска казна. И ден денес никој не знае зошто.Атентатот по налог на властите во Белград требало да го извршат припадници на српските и црногорските криминални групи блиску поврзани со тамошната

Пронајдете не на следниве мрежи: