Асфалтирани улицата и мостот на „Ѓорѓи Капчев“ во Горно Лисиче

По целосната реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во Горно Лисиче, деновиве заврши нејзино асфалтирање и е пуштена во употреба.Имено, улицата „Ѓорѓи Капчев“ се реконструираше на потегот од улицата Горно Лисиче, па сè до црквата „Свети Ѓорѓија“ во должина од еден и пол километар со широчина од 6 метри на површина од 9.000 квадратни метри. Исто така, покрај улицата се изгради и тротоар со широчина од еден метар.
Со реконструкцијата на оваа улица се очекува значително да се подобрат условите за живот, но и безбедноста во Горно Лисиче.
Исто така, мостот што се наоѓа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ е целосно реконструиран и е прооден за сообраќај.
Мостот е изграден во должина од 10 метри, а широчина од 8 метри, вклучувајќи и две коловозни ленти и тротоари од двете страни, како и заштитна метална ограда.Имено, улицата „Ѓорѓи Капчев“ се реконструираше на потегот од улицата Горно Лисиче, па сè до црквата „Свети Ѓорѓија“

Пронајдете не на следниве мрежи: