Катедралата во Саламанка е изградена во 16-тиот век. Постои верзија дека ѕидарите коишто ја граделе оваа катедрала, знаеле за тајните на летовите во вселената во иднина и се „информирале“ за тоа со своите следбеници. Но, дали тоа навистина е така?Богатите резби во камен прикажуваат голем број на христијански митови и легенди.
Но, постои еден детаљ, кој никако не одговара на времето.
Помеѓу големиот број резби може да се забележи фигура на астронаут кој изгледа како да лебди. Тој седи на лист облечен во униформа, со чизми, кацига и апарат за дишење.
Некои луѓе сметаат дека станува збор за фотомонтажа, а други како објаснување нудаттеории за вонземјани и патување низ времето.
Но, астронаутот не е изрезбарен ниту во 16-тиот, ниту во 18-иот век, туку за време на реставрацијата во 1992 година.
Тој е дело на вајарот Мигуел Ромеро, кој под надзор на Херонимо Гарсија – одговорен за реставрацијата на катедралата.
Гарсија побарал на фасадата да се додаде астронаутот, затоа што според неговото мислење, тој претставува симбол на напредокот на човештвото од 20-иот век. Интересно е дека астронаутот не е единствениот современ симбол кој бил додаден. Па така, има сладолед, јастог, секакви животни, бик, и дива мачка.Богатите резби во камен прикажуваат голем број на христијански митови и легенди.
Но, постои еден детаљ, кој никако не одговара на времето.



