Автомобилот на Дејвид Бекам се продава за 90 000 евра

Автомобилот на Дејвид Бекам, БМВ Серија 6 кабриолет со две врати се продава по цена од 90 000 евра на сајтот за купување и продажба на автомобили Auto Trader.Станува збор за добро познатиот сребрен автомобил,  БМВ Серија 6 од 2005 година, кој има екран, Bluetooth и електрични и загреани седишта. Автомобилот е украсен со иницијалите на сопругата на Бекам Викторија.
Директорот на Auto Trader Џон Куирк изјави “Не е потребно иницијалите да се VB, за да го купиш овој автомобил, но може да е бонус. Со толку малку километри овој импресивен кабриолет Серија 6 е во многу добра состојба. Тој е идеален за враќање на децата од фудбалскиот тренинг. Нема друг автомобил кој да го замени.“
Има заинтересирани купувачи?Станува збор за добро познатиот сребрен автомобил,  БМВ Серија 6 од 2005 година, кој има екран, Bluetooth и електрични и загреани седишта

Пронајдете не на следниве мрежи: