БАНИЧКИ ГОТОВИ ЗА 15 МИНУТИ – ЕВЕ КАКО

Овие банички со сирење можете да ги јадете за појадок, за вечера, а зошто да не и за ручек. Можете да ги послужите кога имате гости, или пак за ваша душа и за вашите најмили. Верувајте дека сите ќе бидат воодушевени, а за нивна подготовка воопшто нема да изгубите многу време.

Потребни состојки:
500 гр.готови корки
-1 јогурт
-4 јајца
-една чаша масло
-500 гр.сирење
Подготовка:
Изматете го сирењето со две јајца. Посолете.
Направете фил со кој ќе ги премачкувате корите. Се мати јогурт, 2 јајца и чаша масло. Малку посолете.
Корите исечете ги со нож на средина. Ќе добиете помали кори.
Земајте по една кора и по цела површина премачкајте ја со филот.
Потоа преклопете еден дел ( една третина), па преку него превртете друг дел. Ќе бобиете кора во должина околу 25, а ширина 8 сантиметри.
На еден крај ставете сирење, па преклопете, правејќи триаголник, а потоа повторно преклопете.
Постапката повторувајте ја се додека не го потрошите сирењето и корите. Ако ви остане од сирењето можете да го ставите и одозгора врз баничките.
Баничките се печат 10-15 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.