Барак Обама на преживување во Алјаска

Познатиот авантурист Беар Грилс во серијалот „Дивите авантури на славните со Беар Грилс“ на разни локации ширум светот ги води славните, а се со цел, да ја доживеат авантурата на својот живот и да ги испитаат границите на издржливост.Discovery Channel премиерно втората сезона ја подготвува за март, а на католичкиот Божиќ на 25 декември во 22 часот ќе се емитира специјалното издание во кое Беар Грилс ни помалку ни повеќе на авантура тргнува заедно со претседателот на САД, Барак Обама.
Беар го носи претседателот Обама во непрегледната дивина на Алјаска, а за тоа постои многу добра причина. Желбата на Беар е претседателот лично да се увери во последиците од климатските промени. Освен тоа, Алјаска е совршена за проверка на вештините со кои располага претседателот. Прекрасниот видик не е многу гостољубив, а и самиот претседател ќе мора да го проба неизоставениот оброк кој Беар го сервира во дивината.
Единствената работа која го загрижувала претседателот за авантурата е токму јадењето и пиењето. Обама по тоа прашање до сега немаше милост за своите гости. Сите јадеа тоа што природата има да понуди. За претседателот, подготвува лосос кој всушност е остаток од оброкот на некоја мечка.

 
Барак Обама и Беар Грилс заедно пред камерите ги набљудуваат последиците од климатските промени на подрачјето на Дилингхам. Обама лично сведочеше на тоа што се случува на Алјаска и како промените причинети од глобалното затоплување влијаат на дивиот свет и на животите на жителите на Алјаска кои зависат од тие природни циклуси.
Инспириран од искуството кое го преживува, Обама го споделува и своето размислување за тоа што значи да се биде татко и во исто време и претседател, неговиот однос со децата и сопругата и како балансира со времето кога е во прашање работата и семејството. Веќе од март ќе можеме да гледаме како на авантура со Беар тргнуваат и Кејт Винслет, Дру Брис, Кејт Хадсон, Мишел Родригез и Ед Хелмс.
Сите тие ќе ги тестираат своите вештини за преживување и ќе се обидат да ги поместат своите ментални и физички граници. Од летање со падобран на планината Кетскил, спуштање низ карпите во Ута и борбите со ветер и дожд во Шкотска, Беар ќе ги натера нивните умови и тела до крајни граници за успешно да ја завршат својата авантура.Discovery Channel премиерно втората сезона ја подготвува за март, а на католичкиот Божиќ на 25 декември во 22 часот ќе се емитира специјалното изда

Пронајдете не на следниве мрежи: