БАСКЕРФЕСТ 2016- Позитивни вибрации во градот

Вчера /10.06.2016 година, петок/ на Плоштадот Македонија почна Фестивалот на уличен театар под отворено небо – Баскерфест 2015, кој  годинава во Скопје  ќе трае од 10  до 19 јуни.Баскерфест, уличниот театар под отворено небо и годинава ќе ни донесе атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Од 10 јуни па се до 19 јуни, во Скопје на градскиот плоштад „Македонија“, а и во повеќе градови низ државата ќе имаме можност да уживаме во многу улични перфморманси, баскер точки и музички настапи.
Програмата се одвива на три бини, а во вечерните часови на истото место     планирани се настапи на повеќе музички групи и пивска градина. Фестивалот го отворија: магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер.
Посетителите секојдневно од 19 часот, па се до доцните вечерни часови ќе имаат можност да се забавуваат и дружат заедно со над 100 артисти од целиот свет: Мексико, Бразил, Јапонија, Америка, Нов Зеланд и Шпанија.
Во Скопје, како и низ градовите во Македонија ќе гостуваат жонглери, акробати, танчери, магионичари, кловнови, илузионисти, музичари.
Фестивалот  почна со  парадата составена од учесници на фестивалот што тргна од пред хотел Бристол и движејќи се по улица Македонија стигна до Плоштад Македонија, а го отворија: магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер..
И годинава најмладите ќе имаат свое детско катче, односно детска креативна работилница каде што ќе можат да ги покажат своите таленти, а новитет е „Галерија под отворено небо“ на која уметници од нашава земја можат да ги изложат своите дела.
Во склоп на „Баскерфест“, вечер /сабота 11 јуни/, на „Градска Плажа Парк“ ќе се одржи и „One Day Fest“, спектакуларна забава со пена и учество на многу баскер артисти.
Фестивалот во Скопје е под покровителство на Град Скопје и го поддржуваме со 900. 000 денари.
Подгответе се за 10 дена позитивни вибрации во градот- Баскерфест 2016.Баскерфест, уличниот театар под отворено небо и годинава ќе ни донесе атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Од 10 јуни па се до 19

Пронајдете не на следниве мрежи: