Супер вкусна бегова чорба, совршена за утрешниот ручек.Состојки:
– 1 литар вода
– морков и корен од пашканат, исечени на коцки
– 100 грама бамја (задолжително во оваа чорба)
– 300 грама телешко месо се сече на коцки
– 300 грама пилешко месо се сече на коцки
– 2-3 листови од ловор
– путер
– 1 лажица брашно
– малку вода и млеко
– сол и црн пипер
– 50 ml павлака
– 1 јајце
– морско оревче
– ситно сецкан магдонос
– сок од лимон
Начин на подготовка:
Во еден литар вода додадете ги морковите и коренот од пашканат исецкани на коцки, и 100 грама бамја, 300 грама телешкото или пилешкото месо исто така исецкано на коцки и 2-3 листови од ловор. Гответе 2-3 часа. Додавајте вода ако е потребно.
Кога зеленчукот и месото се готови, во друг сад направете сос од путер, ставете лажица брашно со малку вода и млеко и додадете сол и црн пипер.
Семсата што ќе ја добиете ставете ја во тавата со зеленчукот и месото и нежно мешајте додека не се згусне, со постојано мешање додадете го шлагот и 1 јајце. Кога сите е подготвено, додадете го морското оревче.
Пред сервирање, оваа чорба попрскајте ја со ситно сецкан магдонос и сок од лимон. Лимон можете да послужите и дополнително ако некој сака да си додаде во чорбата. Состојки:
– 1 литар вода
– морков и корен од пашканат, исечени на коцки