Беќир Асани доби кривична пријава

Шефот на чаирскиот oгранок на ДУИ, Беќир Асани, вчера од МВР доби кривична пријава, бидејќи бил еден од тепачите на Тодор Петров, донатор на големиот крст во Бутел. Асани вчера, иако бил повикан, не дошол на распит во полиција.Шефот на чаирскиот oгранок на ДУИ, Беќир Асани, вчера од МВР доби кривична пријава, бидејќи бил еден од тепачите на Тодор Петров, донатор на големиот крст во Бутел. Асани вчера, иако бил повикан, не дошол на распит во полиција. Пред полицијата не се појавил ниту функционерот на ДУИ, Исмет Гури, на јавноста познат по случајот „Титаник“, во кој Специјалното јавно обвинителство го товари за изборни нерегуларности во Чаир. Според полицијата, кривични пријави за нападот врз Петров добиле и Бесник Ејупи и Ејуп Адеми, додека на распит биле викнати советникот во Град Скопје од ДУИ, Ќемал Муслиу, Екрем Буњаку, односно вкупно девет лица, сите од Скопје. Од МВР соопштија дека по консултациите со Јавен обвинител, Единицата за насилен криминал, ќе поднесат кривична пријава против трите лица поради сомневање дека извршиле кривично дело насилство. За нападот врз Петров, Асани може да добие затворска казна од 6 месеци до 5 години. Лицата потврдиле дека биле во ресторанот. Чаирскиот градоначалник Изет Меџити иако бил присутен на настанот, не бил повикан на распит во МВР. Петров по поставувањето на камен-темелникот на 50-метарскиот крст во Бутел, во ресторан во Скопје бил претепан од посочените лица, по што заврши во болница со повреди на главата и потрес на мозокот. Според МВР, Асани, сепак, го тепал Петров иако пред два дена за „Дневник“ изјави дека тоа не е вистина. Тој тогаш рече дека доколку полицијата го бара тој е тука, но вчера не отишол на распит во МВР. Меџити, пак, тогаш одби да ни одговори зошто не спречил Асани да го истепа Петров. Ден претходно и пратеникот Артан Груби за нашиот весник негира дека Асани е тепачот и додаде дека Петров веројатно сам се сопнал и си ја повредил главата.Шефот на чаирскиот oгранок на ДУИ, Беќир Асани, вчера од МВР доби кривична пријава, бидејќи бил еден од тепачите на Тодор Петров, донатор на големи

Пронајдете не на следниве мрежи: