Несреќниот маж бил одалечен 20-тина метри од брегот кога голема бела ајкула го нападнала. Друг капач го извлекол на брегот и се обидел да го оживее. Не успеал.Австралискиот капач починал откако голема бела ајкула му ја одгризала десната нога додека пливал во морето, околу 20-тина метри од плажата на познатото летувалиште Бурон Беј.
Адвокатот Марк Хикеј за време на нападот бил во водата. Забележал крвава трага на површината и голема ајкула која кружела околу телото. Го извлекол мажот од вода и се обидел да го оживее скоро половина час пред спасувачите да стигнат.
Службениците на итната помош потврдиле дека мажот починал од здобиените повреди. Изгубил премногу крв, а претпоставуваат дека починал уште додека бил во вода. Сопругата Мишел, која била на плажата додека несреќниот маж пливал, ја идентификувала жртвата.
Спасителите со хеликоптер и џет-скии се обиделе да ја намамат ајкулата. Веруваат дека се работи за голема бела ајкула, но се уште не е потврдено. Велат дека усмртување на животното не е во план бидејќи се работи за заштитен вид.
Австралискиот капач починал откако голема бела ајкула му ја одгризала десната нога додека пливал во морето, околу 20-тина метри од плажата на позна