Бела куќа:Тилерсон останува на чело на Стејт департментот

Белата куќа денеска сооопшти дека Рекс Тилерсон ќе остане на чело на Стејт департментот, откако се појавија спекулации дека на негово место, како шеф на американската дипломатија може да дојде директорот на ЦИА, Мајк Помпео.Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека „засега нема најави“.
– Тилерсон продолжува да го води Стејт департментот и целата Влада е фокусирана на завршување на неверојатно успешната прва година од администрацијата на Трамп, изјави Сандерс.
„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори во американската администрација, јави дека Белата куќа разгледува план за замена на државниот секретар Рекс Тилерсон со директорот на ЦИА Мајк Помпео.
Според весникот, Белата куќа подготвила план за отстранување на Тилерсон, за кој се тврди дека е во затегнати односи со американскиот претседател Доналд Трамп, и за негова замена со Мајк Помпео и тоа во следните неколку недели.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да ги коментира таклвите наводи.
– Тој е тука, Рекс е тука, одговори кусо Трамп, по состанокот со принцот од Бахреин во Вашингтон.
Сенаторот Боб Коркер, по разговор со Тилерсон, изјави дека државниот секретар не знае за плановите за негово сменување.
– Тој се занимава со неговите секојдневни обврски и не знае ништо за некакви промени, изјави Коркер, кој е претседател на Комитетот за надворешни работи на Сенатот.
Американските медиуми потсетуваат дека во однос на Северна Кореја, Тилерсон се заложи за дипломатски пристап, за што Трамп оцени дека е „губење време“.
Државниот секретар, исто така, го бранеше Договорот за иранската нуклеарна програма, а Трамп истиот го доведе во прашање.
Одредени американски медиуми, во текот на летото известија дека Тилерсон го нарекол Трамп „морон“.Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека „засега нема најави“.
– Тилерсон продолжува да го води Стејт департ

Пронајдете не на следниве мрежи: