Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гусман, беше лоциран благодарение на интервјуто кое во тајност го имаше пред неколку месеци со американскиот актер Шон Пен.Интервјуто со Гусман, кој досега двапати бегаше од максимално обезбедени затвори во Мексико, е објавено на сајтот на американското списание Ролинг Стоун.
Интервјуто наводно беше направено на непозната локација во Мексико во крајот на 2015 година.
Ел Чапо беше уапсен минатиот петок во градот Лос Мочис во покраината Синалоа откако беше во бегство шест месеци.
Мексиканските власти знаеле за состанокот на Шон Пен и Гусман и го следеле американскиот актер. Тоа им помогнало да го лоцираат ранчот каде се криел Ел Чапо, наведуваат извори од мексиканската влада.
Во интервјуто со Шон Пен, Гусман се обиде да ја одбрани својата улога на лидер на најголемиот нарко картел во светот.
Пен во интервјуто за Ролин Стоун потврдува дека Ел Чапо бил заинтересиран да се сними филм за него и сакал во тој проект да учествува актерката Кејт дел Кастилјо која овозможила состанок на Пен и Гусман.
Во меѓувреме, растеше револтот на социјалните мрежи и луѓето бараа и Шон Пен да одговара бидејќи правел интервју со престапник којшто беше баран од страна на мексиканската влада.
Интервјуто со Гусман, кој досега двапати бегаше од максимално обезбедени затвори во Мексико, е објавено на сајтот на американското списание Ролинг
Пронајдете не на следниве мрежи:



