БЕСНА ПРВА ПРИДРУЖНИЧКА: Ја грабна тијарата од главата на победничката!

Еден избор за убавина во Бразил заврши хаотично, откако првата придружничка не можела да се помири со поразот. Веднаш по прогласувањето на победничката, таа ја нападнала новата Мис Амазона.Пред прогласувањето на победничката сѐ изгледало идилично. Шеислан Хајала и Каролина Толедо стоеле една спроти друга и ја чекале конечната одлука на жирито. Каролина стана Мис Амазона за 2015 година, додека Хајала пристојно ѝ честитала. Сепак, кога на новата мисица ѝ  ја ставиле тијарата на глава, првата придружничка не можела да се воздржи.
Таа ја зграпчила тијарата и ја оттргнала од главата на Каролина, па ја фрлила во публиката. Потоа го вперила прстот кон новата мисица и ја навредила пред да си замине од сцената.
Организаторите веднаш тргнале да ѝ помогнат на 20-годишната мисица, па ѝ ја вратиле тијарата.

По смирувањето на страстите, Хајала изјавила дека Каролина ја купила титулата.
„Парите ги движат работите во Манаус, а јас сакав да им покажам на жителите на Амазона дека парите сепак не се толку моќни тука. Таа не ја заслужи титулата“, изјавила бесната Хајала.
Победничката сепак била порасположена поради победата и изјавила дека не може со зборови да опише колку е среќна.
Погледнете го видеото:
Пред прогласувањето на победничката сѐ изгледало идилично. Шеислан Хајала и Каролина Толедо стоеле една спроти друга и ја чекале конечната одлука н

Пронајдете не на следниве мрежи: