Младите до 27 години секој прв и секој трет викенд во месецот ќе имаат бесплатен превоз во железничкиот собраќај, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова е само една од петте мерки кои денеска ги соопшти Груевски.Првиот проект, како што посочи, е бесплатен железнички викенд за млади до 27 години секоја прва и трета недела од месецот. Мерката ќе стартува во март 2016 година, а за нејзино спроведување Владата ќе исплаќа дополнителни трансфери кон Македонски железници.
– Преку овој проект младите до 27 години ќе имаат можност да добиваат бесплатен повратен билет со кој ќе може да го користат железничкиот сообраќај секоја прва и трета недела од месецот во периодот на викенд односно од петок по 12 часот до понеделник до 12 часот, рече Груевски.
Со овој проект, нагласи, ќе им се овозможи на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во земјава, но претставува и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите.
– Оваа мерка е практично проширување и збогатување на можноста која и досега постоеше за бесплатно патување во железничкиот патнички сообраќај за млади лица до 27 години, во третиот викенд во месецот што започна во јули 2014 година. За проширување се одлучивме поради исклучително позитивните резултати и големиот интерес кај младите, рече Груевски.
Нагласи дека за шесте месеци во 2014 година и 11 месеци од 2015 година таа мерка досега ја искористиле преку 48.758 млади со што заштедиле околу 17 милиони денари.Првиот проект, како што посочи, е бесплатен железнички викенд за млади до 27 години секоја прва и трета недела од месецот. Мерката ќе стартува во м