Минатата недела, кардиналот Роберт Сарах имал миса на која одржал интензивен говор во кој јасно се изјаснил дека поклонувањето на идолите во западното општество и исламскиот фундаментализам – се две апокалиптични ѕверки кои се слични на нацизмот и комунизмот.Исто така, Сарах смета дека „родовата идеологија“ и ИСИС (како и останатите екстремни форми на исламот) се двете „најголеми закани за семејството и христијанството“.
„Исламските масакри, како и слободоумните барања, редовно се борат за насловните страни во весниците“ – рекол Сарах и додал дека станува збор за големи закани за семејството како заедница: „Родовата теорија на Западот нуди брз и едноставен развод, абортус, истополни бракови, евтаназија итн., а за тоа најдобри примери се радикалната феминистичка група ФЕМЕН, ЛГБТ лобито, како и Меѓународниот сојуз за планирано родителство“.
Од друга страна, како што вели тој, тука е и псевдо-семејната идеологија на исламот, која легитимира полигамија, покорност на жените, сексуално ропство и детски бракови. Како што додава, во тие семејства не владее Духот на вистината кој проникнува низ заедништвото, туку збунетост и тоталитарно владеење.
„Тие се насилно толерантни разорувачи на семејството, општеството и Црквата, но и отворено се Христофобични“ – рекол Сарах, кој додал дека овие моќни појави (родовата идеологија и исламскиот радикализам), нудат плодови според кои може да се почувствува демонско потекло.
„Ние не се бориме против крв и месо“ – продолжил тој.
„Мора да обезбедиме соодветна гостопримлимивост кон сѐ што е човечко. Но, она што доаѓа од непријателот не може и не смее да биде асимилирано“.
„Не можеме да бидеме покрај Христа и Баал (принцот на темнината) истовремено. Она што нацизмот, фашизмот и комунизмот беа за 20. век, тоа се хомосексуалноста, абортусот и исламскиот фанатизам за денешното време“.
Кардиналот Сарах ја повика Црквата на цврстина, на промовирање на заедништвото и традиционалните вредности кои се пресудни во борбата против, како што тој ги нарекува ѕверови.
„Мораме да ја зборуваме вистината без страв, односно Божјиот план кој е моногамија во брачната љубов и отворениот живот“ – рекол тој и заклучил дека е потребна итна интервенција на Црквата која бракот и семејството ќе ги стави под Божја, а не човечка волја, бидејќи како што предупреди, овие ѕверови не мируваат.
Тој го завршил говорот со повик кон кардиналите: „Мораме да ја пренесуваме вистината без страв“.Исто така, Сарах смета дека „родовата идеологија“ и ИСИС (како и останатите екстремни форми на исламот) се двете „најголеми закан