Силни полициски сили пред домот на Бети Канчевска Милевска

Вечерва претставници на иницијативата Македонија Блокира (која се состои од осимдесетина организации од Македонија и емиграцијата) беа пред куќата на Бети Канчевска Милевска. Таа е еден од осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои во последен момент се премислија и гласаја за отворање на Уставот за да се промени името на Република Македонија.
Маршрутата беше од пред Собранието на РМ, па преку Црвен крст, подвозникот во Црниче и на крај над седиштето на МВР. Па сепак не беше овозможено на иницијативата да дојдат до Бети и да и го врачат писмото. Таа не се појави. Затоа отвореното писмо беше прочитано на оддалеченост од над 100 метри од нејзиниот дом. Отворенот писмо содржи цитати на Брашанаров од неговиот говор на отворањето на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година: „Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински” и на овој историски и свет ден Илинден, кога објавувам да е отворено Првото антифашистичко собрание, со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња до Вардар, од Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава…..”
Па очигледно ова не беше доволно како предизвик за Канчевска Милевска да излезе и да го прими писмото. По завршувањето на протестот присутните си заминаа мирно.

Одиме накај Бети Канчевска. Пренесете

Posted by Filip T. Petrovski on Thursday, November 15, 2018

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.