Без многу труд и средства: Пирошки од бајат леб!

Вкусни пирошки од бајат леб, чии потребни состојки сите ги имаме по дома. Состојки:
1,2 векна бајат леб
100 гр кашкавал
100 гр салама
100 гр презла
100 гр сирење
2 јајца
сол
Иситнете го лебот и ставете го во поголем сад. Потоа додадете едно јајце, малку млеко, посолете и добро соединете се.
Кашкавалот, саламата и сирењето ситно изрендајте ги и додадете во претходно направената смеса. Сето тоа добро измешајте го и формирајте пирошки. Едно јајце изматете  и валкајте ги пирошките во јајце па во презла.
Пржете во тава со загреано масло.
Испржените пирошки вадете ги на салфета за да ја впие вишокот маснотија
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
1,2 векна бајат леб
100 гр кашкавал
100 гр салама
100 гр презла
100 гр сирење

Пронајдете не на следниве мрежи: