Без печење: Освежителен паша колач

Едноставен и освежителенСостојки:
За пудинг
1 литар млеко
2 лажици какао
1,5 филџан  густин
1 мал филџан брашно
1 чаша шеќер
1 ванила шеќер
50 гр маргарин
За белиот дел
1 чаша млеко
1 шлаг крем за колачи
Кокос
Подготовка
Загрејте 1 литар млеко за потоа со мешање додадете ги какаото, брашното, густинот и шеќерот.  Кога ќе се свари пудингот тргнете го од оган и додадете го ванила шеќерот и маргаринот. Мешајте додека маргаринот не се стопи.

Тавчето посипете го со кокос, што повеќе тоа подобро, да не се гледа дното на тавчето и потоа прелијте со пудингот. Оставете да се олади 30 минути во ладилник.
Шлаг кремот изматете го и кога колачот ќе го извадите од ладилник премачкајте го со кремот. Повторно вратете го тавчето  во ладилник на еден час. Сечете на правоаголници и со нож полека ролајте. Наздравје.Состојки:
За пудинг
1 литар млеко
2 лажици какао
1,5 филџан  густин

Пронајдете не на следниве мрежи: