Без „Вмровци“ на сликите од прославата во американската амбасада

На фотографиите од прославата по повод националниот празник на САД 4 јули објавени на социјалните мрежи од страна на амбасадата во Скопје нема ниту еден висок претставник на најголемата партија во македонскиот парламент.На фотографиите кои што ги објави амбасадата можат да се видат лидерите на СДСМ и ДУИ, премиерот Зоран Заев и пратеникот Али Ахмети како и спикерот на парламентот Талат Џафери но на ниедна од нив нема претставници на ВМРО -ДПМНЕ.
Покрај лидерите на ДУИ и СДСМ на фотографиите се и десетици други гости и домаќини предводени од амбасадорот Бејли како и тројца претставници на МПЦ Архиепископот Стефан и владиците Наум и Тимотеј.
На објавените фотографии нема претставници на ДПА, БЕСА или Алијанса на Албанците ниту од други вонпаралементарни партии.
Се до лани меѓу главните гости на прославата на амбасадата на САД беа десетици високи претставници на ВМРО – ДПМНЕ а годинава освен екс министерот за финансии Кирил Миновски и Виктор Мизо кои што се појавуваат на фотографии на дел од медиумите нема други претставници на партијата.

На фотографиите што беа објавени од страна на официјалните профили на дипломатското претставништво на најмоќната земја на светот го нема ниту претседателот Иванов кој минатите години беше гостин на националниот ден на САД.
Дали се работи за случаен избор на фотографиите или свесна селекција со оглед на истрагата против раководството на ВМРО – ДПМНе и нивниот нарушен однос со американските дипломати е прашање за амбасадата на САД.
На профилот на амбасадата нема фотографии од ланската прослава на денот на американската независност.
фото: Фејсбук профил на Амбасада на САД во СкопјеНа фотографиите кои што ги објави амбасадата можат да се видат лидерите на СДСМ и ДУИ, премиерот Зоран Заев и пратеникот Али Ахмети како и спикерот

Пронајдете не на следниве мрежи: