Во документарецот Life is But A Dream, кој говори за нејзиниот живот, Бијонсе за прв пат проговори за спонтаниот абортус кој го имаше.
„Пред две години бев бремена по прв пат. Дури го слушав и отчукувањето на срцето и тоа беше најубавата музика која ја имам слушнато во животот. Одбирав имиња, замислував како ќе изгледа моето дете, се чувствував како вистинска мајка.“- открива пејачката во документарецот
За жал, на следниот преглед,не ја чекале добри вести.
„Отидов во Њујорк на преглед и повеќе отчукувањата ги немаше, а само една недела претходно се беше во ред. Се вративво студио и ја напишав најтажната песна. Беше тоа првата песна која ја напишав за својот албум. Ми беше надобра терапија за најтажната работа која ми се случи“- вели Бијонсе
После ова Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи добија ќерка, малечката Блу Ајви.Документарецот Life is But A Dreamтреба да биде објавен во Америка следниот месец.Во документарецот Life is But A Dream, кој говори за нејзиниот живот, Бијонсе за прв пат проговори за спонтаниот абортус кој го имаше.