Била со својот брат во сексуална врска, заедно злоставувале деца

Судот во Велс осуди брат и сестра на 26, односно 12 години затвор, затоа што е откриено дека биле во сексуална врска и дека заедно со една жена делеле експлицитни фотографии од деца кои ги заведувале преку Фејсбук.Полицијата прво го уапсила 26 годишниот Метју Тачер, кој преку социјалните мрежи договарал средба со личност која се претставувала како 14 годишна.
Допишувањата со лажната малолетничка станува се поексплицитни, па жената со која се допишувал поикала полиција, која го привела на договореното место.

Во склоп на истрага го следеле и неговиот мобилен телефон во кој пронашле илјадници еротски фотографии и снимки кои откриле дека бил во врска со својата полусестра Емили Томпсон.
Парот исто така бил дел од тројка која делела експлицитни фотографии и пораки со три малолетни деца.
Ги фотографирале и злоставувале децата и меѓу себе се фалеле за злосторствата.
Полубратот и полусестрата “соработувале“ со 28 годишната Менди Врајт.
Сите точки од обвинението ги признале, а Врајт е осудена на затворска казна од седум години.
 Полицијата прво го уапсила 26 годишниот Метју Тачер, кој преку социјалните мрежи договарал средба со личност која се претставувала како 14 годишна.

Пронајдете не на следниве мрежи: