Била вистински зависник од солариум,а сега трпи СТРАШНИ ПОСЛЕДИЦИ!

Мегс Марфи (45) од Даблин била вистински зависник од солариум. Како што вели, полна деценија била редовен корисник.Покрај солариумот, редовно ја прифаќала секоја прилика да се изложува на сонце без заштита ,мислејќи дека не и треба бидејќи секако веќе е темна.
– Сето тоа потемнување стигна на наплата бидејќи сега имам предканцерогени ќелии на лицето и одам на третмани како би ги остранила – вели Мегс на својата страница.

– Ги слушав сите предупредувања и мижев пред нив. Можеби со овие фотографии јас ќе отворам очи на некого. Не барам сожалување, туку внимавање – вели Мегс која сега на својот фејсбук профил ја документира својата борба со ракот.
Таа редовно нанесува крема со која се острануваат ќелиите,а процесот е од ден во ден се поболен.

– Само сакам да ја подигнам свеста на луѓето и да ги предупредам на сите опасности. И сакам да истакнам дека ова не е последица само на солариумот, туку и тоа што се изложував на сонце без заштитен фактор – предупредува на крај Мегс.Покрај солариумот, редовно ја прифаќала секоја прилика да се изложува на сонце без заштита ,мислејќи дека не и треба бидејќи секако веќе е темна.

Пронајдете не на следниве мрежи: