БИТКАТА КАЈ ГОТЕН или позната како КРВАВИОТ ВЕЛИГДЕН

Битката започнала на Велигден на 6 април 1903 година се водела на планината Готен, Малешевско, Источна Македонија. Борбата се водела помеѓу здружените чети на Македонската револуционерна организација и турскиот аскер. На чело на здружената чета стоеле војводите: Христо Чернопеев, Коста Мазнејков, Делчо Кочов, К. Кондов, Никола Дечев, Питу Гули, Ванчо Србакот, Тимо Ангелов и др . Бројот на комитите изнесувал околу 250-270 души. Четата била опколена од страна на турската војска на врвот Готен, при што на помош им дошол и врховистичкиот војвода Никола Лефтеров со својата чета. Ноќта на 6 април опколените комитеи тргнале на јуриш при што од своја страна имале 25 загинати додека пак бројот на загинатите и ранети турски војници изнесувал околу 200 души.Во периодот пред Илинденското востание, една од основните цели на Македонската револуционерна организација била преку вооружено востание да се постигне ослободување на македонскиот народ. Организацијата настојувала оваа цел да се постигне низ долготраен процес на идејна, политичка подготовка на македонскиот народ. Само со ваквиот пристап, како и со подигање на револуционерната свест и спремноста на саможртва. Организацијата очекувала свесно сенародно масовно востание, фактор кој што ќе овозможи самостојност и независност од недворешните посегања по Македонија
Една од најголемите битки која се водела пред почетокот на Илинденското востание, била битката на Готен, во источниот дел на Македонија. На 6 април 1903 година, ден Велигден, здружените чети на ТМОРО на Христо Чернопеев (за Струмичко), Коста Мазнејков (Радовишко), Делчо Коцов (Кочанско), К. Кондов (Прилепско), Никола Дечев (Велешко), Питу Гули (Крушевско), Ванчо Србакот (Кичевско), Тимо Ангелов (за Тиквешко) и други, кои броеле од 250 до 270 комити се судриле со османлиските сили на врвот Готен на Малешевските планини при неповолни временски услови. На помош на опколените чети се приклучила четата на војводата Никола Лефтеров. Вечерта опколените се извлекле со јуриш. Четите имале 25 мртви, а загубите на османлиските сили биле околу 200 мртви и ранети.   
Сепак ваквите стратешки цели на Внатрешната организација кои воделе кон независна и слободна Македонија, не одговарале на врховистите кои ќе испровоцираат востанија. Особено горноџумајската акција во есента 1902 година, силно ќе се одрази врз Македонската револуционерна организацијата. Мрежата на Организацијата била растресена и голем дел од оружјето било откриено. Оваа, како и најавата за нови врховистички акции, ќе биде причина на Солунскиот конгрес да се донесе одлука за кревање на Илинденското востание.
Врховистичката акција ја засилила политичката криза и ја раздвижило дпломатијата на големите сили на почетокот на 1903 година. Под притисок на Русија и Австроунгарија, Високата Порта ќе ги објави т.н. Падарски реформи. Турските власти загрижени од интервенција на европските сили, особено од можна окупација на Македонија од страна на Австрија, превземаат брзи и решителни мерки за да се отстранат причните за било каква интервенција.
Хилми паша кој бил задолжен да ги спроведе реформите, добил задача за кратко време да го собере оружјето кое се наоѓало кај македонскиот народ и да ја скрши секоја нивна помисла за понатамошен отпор и учество во револуционерната борба. Спроведувајќи ја оваа задача, турските војници и жандармерија започнале со блокади на селата, пребарувале куќи и вршеле ужасни репресии врз населението за да откријат каде е скриено оружјето. Турските власти намерно создавале афери за да се открие оружјето и организациската мрежа, се` со цел да се уништи или намали силата на Организацијата.
Опасноста дека по 1902 година, врховистите ќе продолжат со акциите и дека ќе биде собрано оружјето биле главните мотиви со кои се оправдувало носење на одлука за кревање на востание. Во таква атмосфера, на 2, 3 и 4 јануари (стар стил) 1903 година бил одржан конгрес на Македонската револуционерна организација во Солун, на кој било решено пролетта во 1903 година да се крене востание. Решението за предвремено кревање на востанието донесено на нерегуларен и нередовен Конгрес, предизвикало спротивставување на Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и др., поради што дошло до негово одложување, но не и откажување. По средбата меѓу Гоце и Даме Груев, се утврдува востанието да биде масовно само во добро подготвените области, потоа во другите да има зајакнати акции, а востанието да се одложи за неколку месеци за да има време самата Организација да се подготви.
Во меѓувреме, блокадите и репресиите кои ги спроведува Хилми паша, дополнително го засилуваат незадоволството на македонското население и го туркаат кон масовно востание. Особено по Солунските атентати (април 1903), по прогонот и масовните апсења на Македонците, турските затвори беа претесни. Над 20.000 души лежеа по турските апсани. Во извештајот од април 1903 година, австрискиот конзул во Битола ќе истакне дека „оваа ужасна положба на населението во Македонија, може да го забрза востанието“.
Во овој период дошло до зголемена револуционерна активност. Ако до 1903 година биле забележани само 63 борби, од јануари до јули 1903 година биле рагистрирани повеќе од 86 борби. Најголем дел од нив се водат во април 17, во мај 31 и во јуни и јули кога биле регистрирани 16 борби.
 Инаку, војводата Лефтеров кој со чета од 36 добро обучени малешевски момчиња се движел по Малешевските планини, пред Велигден застанал да одмори во Широк Дол. Рано утрината, кога ехото на камбаните сеуште не беше престанато, на војводата му јавиле неговите дека отспротива на Готен се слушаат истрели. Во меѓувреме, изморен селанец од Малешевијата донел писмо, со кое биле известени дека здружената чета на Чернопеев, Питу Гули, Никола Дечев и др. рано утрото била изненадена од турската потера и дека заднината им е во опасност. Четата на Лефтеров веднаш тргнала и за еден час се приближила до непријателот. Со забрзана стрелба, моќно „ура“ и „на нож“ четата на Лефтеров ги ликвидирала турските војници. Откако се справиле со нив, четата била опколена од пристигнатиот аскер од Владимирово. Во текот на неколку часа со бомби и куршуми херојски биле одбивани нападите на турскиот аскер. Благодарение на густата магла, четата на Лефтеров во три групи се пробила и заминала за Струмичко. Оваа акција во Малешевијата уште е позната како „Крвавениот Велигден“
 Во периодот пред Илинденското востание, една од основните цели на Македонската револуционерна организација била преку вооружено востание да се пост

Пронајдете не на следниве мрежи: