Секоја земја има свои легенди кои се пренесуваат од колено на колено, со децении. Но, овие морничави приказни од Јапонија, се доволни да ве преплашат, па вечерва да се запрашате дали сте воопшто сами во собата???1.Теке Теке
Приказната всушност е за едно девојче, кое паднало на шините и возот ја преполовил, а нејзиниот дух сега лази околу местото на несреќата. Легендата вели дека духот носи пила или коса, како би ги преполовила своите жртви, така што веќе нема да биде осамена, на тоа место. Теке Теке е всушност звукот кој таа го испушта при движење.
2.Куклата Окику
Мистериозната кукла која во себе поседувала дух на дете, веќе со децении ја буди фантазијата во Јапонија. Станува збор за кукла која е висока околу 40 cm, која носи кимоно и има впечатливи црни очи и коса која непрестано расте. Името го добила по својот сопственик. Уште во 1938 година оваа кукла е оставена во храмот Mannenji во гардот Ivamizava. Како што тврдат од храмот кога куклата ја донеле во храмот имала кратка коса, која со текот на времете пораснала дури за цели 25 cm, скоро до нејзините колена. Иако тие редовно ја кратат таа непрестано расте. Легендата вели дека куклата ја купило момче по име Eikchi Suzuki (17) во 1918.година, за својата двегодишна сестра Окику, но таа веќе наредната година се разболела од настинка и умрела. Семејството потресени од загубата, секојдневно и се молеле на куклата, и приметиле дека нејзината коса расте, така на куклата и го дале името на починатото девојче, но кога се преселиле куклата ја оставиле во храмот, во кој и на денешен ден се наоѓа куклата.
3.Ака Манто
Ака Манто е дух кој го демне училишниот тоалет. Ако го посетите тој тоалет, духот ќе ве праша дали сакате црвен или пак син лист. Ако вашиот одговоро е црвен тогаш тој ќе ве исече на парчиња, се додека вашата облека не поцрвени, а доколку изберете син, тогаш ќе ве дави додека не посините. Ако кажете некоја друга боја, ќе ве однесе во пеколот, а единствен вистински одговор е да кажете “без лист” тогаш ќе ве остави неповредни.
4.Хитобашира
Хитобашира или пак човечки столб е облик на човечка жртва во некогашна Јапонија, кога лугето ги закопувале под браните, дворците и зградите како замена за темел. Најпознат таков случај поврзан со оваа легенда која доаѓа од Matsue замокот. Кога овој замок се градел, во исто време во градот се одржувал и фестивал, стражарите од замокот биле испратени од фестивалот да ја донесат девојката која наубаво играла, ја убиле и нејзиното тело е сместено во темелите на замокот. Од тогаш секогаш кога некоја убавата девојка ќе заиграла, дворецот се тресел. Затоа играњето е забрането во Matsue.
5.Гозу(кравја глава)
Легендата потекнува од приказната “Кравја глава”, и дека секој кој ќе ја прочита веднаш потоа умира. А легендата говори за група студенти кои тргнале на пат со својот учител, кој им ја раскажувал токму таа пригаказна. Кога приметиле студентите дека нешто не е во ред со нивниот учител, го замолиле да престане, но тој неможел да престане да раскажува. Полицијата го пронашла автобусот во провалија, а сите патници во него биле во тежок транс, и воопшто не се сеќавале како се нашле таму.
6.Кушиаке Онна
Кушиаке- онна(жена со пресечена уста), легендата кажува за висока жена која навечер оди сама по улиците и која ќе ве застане и ќе ве праша дали е убава, каков и да е вашиот одговор вие ќе бидете мртви. Полициски извештаи потврдуваат за жена во Јапонија која ја прегазила кола, и токму неа усните и биле пресечени.1.Теке Теке
Приказната всушност е за едно девојче, кое паднало на шините и возот ја преполовил, а нејзиниот дух сега лази околу местото на