Факт е дека „преживеавме“ многу апокалипси. Но, она што е интересно е што годинава наводно нѐ очекуваат уште пет краеви на светот и се далеку покреативни од голема поплава или епидемија, а што е поинтересно, ниту една од предвидените катаклизми не се сведува на реални закани за човештвото – пренаселеност и глобално загревање.1. Затоа што така тврдат Истерувачите на духови
Во вториот дел од овој филм снимен во 1989 година, крајот на светот се паѓа оваа година и тоа на 14 февруари.
2. Затоа што „научник од НАСА“ тврди дека ќе се поместат половите
Пред пет години, д-р Салваторе Конти, којшто за себе вели дека е научник на НАСА, предупреди дека токму оваа година ќе започне менувањето на магнетното поле на Земјата. Сепак, по откривањето на оваа „строго чувана тајна“, д-р Сала исчезна од лицето на земјата.
3. Барак Обама е антихрист и ќе го уништи светот на 6.6.2016 година
Теоретичарот на заговор Давид Монтеин, цврсто верува дека во Библијата е запишано дека претседателот на САД, Барак Обама, со глава и брада е антихрист и дека ќе ја започне Третата светска војна.
„Библсиките докази нѐ уверуваат. Антихристот ќе тргне кон Ерусалим во 2016. година. Антихристот е крал на Вавилон, а Вавилон е Њујорк. Барак Обама му одговара на овој опис“ – вели тој.
Или можеби не. Како што се приближуваше 2016. година, тој почна да тврди дека на овој датум само ќе започне уништувањето на светот, а крајот го помести за 2019 година.
4. Астероид ќе удри во Земјата на 16. мај, а потоа ќе создаде црна дупка
Свештеникот Рикардо Салазар на проповедите упорно повторува дека во мај ќе нѐ погоди астероид, па детално ги опишува и неговите димензии. Нему не му е важно што НАСА истакнува дека сме барем уште 100 години безбедни од астероди кои би можеле да ѝ наштетат на Земјата.
5. Апокалипсата е тука
Според тврдењата на сајтот „Mark of the beast“ – крајот е блиску.
„Седумдесет недели се всушност 70 кругови кои ќе нѐ донесат до крајот на светот. Тие ќе се завршат во 2016 година, кога божјите деца ќе заминат во небесниот Канаан. Исус повторно ќе дојде и ќе дојде крајот на светот којшто го познаваме“ – стои на овој сајт.