Поранешниот спортски новинар и самопрогласен син на Бога, Дејвид Ајк, во своите бестселери тврди дека Виндзорови се всушност рептили од вселената кои се пратени да владеат со светот.„Навечер им светат очите и еднаш годишно ја менуваат кожата. Но, со оглед дека сите страдаат од порфирија, секое утро пијат и крв од мали бели деца“, напишал Ајк. Така го објаснува убавиот и негуван изглед на војвотката Кејт Мидлтон по двете породувања.
„Кој изгледа така по породување? Само личност која ја пресоблекува кожата и пие крв“, пишуваат на неговиот форум. Ајк и понатаму инсистира и на тоа дека главното хоби на членовите на британското кралско семејство е некрофилијата, како и дека најмногу сакаат да грабнуваат малечки домородци од подрачјето на Канада и САД, за подоцна да ги злоставуваат.
Илјадници часови од такви оргии на снимки има и службата МИ6.
Ајк наведува дека уште од ерата на предците на кралицата Елизабета, сите тела од мали деца се закопувани во подрумите од дворецот Балморал во Шкотска, а не им е стран ниту сатанизмот.
Ајк цврсто верува дека рептилите може само со хипноза да ја натераат нацијата толку да ги обожува и покрај тоа што го водат светот во пропаст и ги трошат туѓите пари.
„Пукаа од топови, бидејќи некаде во Лондон се родило некое дете. Но, не им пречеше што со тоа исплашија многу други деца“, пишува на неговиот сајт.
За Дајана мисли дека загинала токму поради тоа што како обичен човек се омажила за член од семејство на „накази“ на кои не сакала да им попушти.
Со окултните ритуали ја објаснува и долговечноста на кралицата и изгледот кој готово и не се менува, а Џорџ Буш го гледа како рептилски брат на принц Чаарлс, т.е. како непријатели на светот кои потекнуваат од иста лоза.
Дури гледа и значење во тоа што првото дете на Вилијам и Кејт го доби токму името Џорџ, кое го носат и омразените членови на семејството Буш.
„Навечер им светат очите и еднаш годишно ја менуваат кожата. Но, со оглед дека сите страдаат од порфирија, секое утро пијат и крв од мали бел