Бизнис стил на облекување – колумна на Александра Алекс Грујиќ

Loading...

Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна модна приказна, модни настани и совети. Денешната расправа, односно темата за која ќе ви говорам е бизнис стилот на облекување.
Винстинските дами како и вистинските џентламени, водат сметка за изгледот и со текот на времето го изградуваат својот личен стил.  Меѓу другото, стилот на облекување ја презентира личноста. Модните трендови се моментални, но стилот е вечен. Па според тоа, изградете го својот стил на време. Бидете софистицирани, елегантни, а истовремено и интересни.
Важно е да водите сметка во врска со тоа да се облекувате во склад со приликата за која се спремате. Многу високи потпетици, тесно мини здолниште и нагласена шминка. Тоа е во ред, но само ако девојката се подготвува за една ноќна журка. Патики, тренерки и генерално спортска гардероба е одличен избор, но само за во теретана. За канцелариска работа никако. За нагласена шминка, провокативна или премногу опуштена и спортска облека нема место на работа.
Облеката на бизнис девојките на работното место треба да биде нешто интересно, но истовремено стилизиран и тренди.
Бизнис стилот на облекување, логично се разликува  од работа за која е ангажирано лицето. Јас првенствено ќе зборувам за стилот на облекување во канцелариски простор.
На сите млади девојки им препорачувамда облечат здолниште со висок струк, која ќе ја истакне нивната фигура, потоа кошула, палто и секако, неизбежни се потпетиците. Белата кошула изгледа одлично во комбинација со здолниште и палто во темна боја. Иако ова е бизнис клише, но може да го искомбинирате со интересен накит. Јас Ви препорачувам да се фокусирате на  прстен и обетки. А малата количина на циркони ќе Ви даде интересен изглед на вашиот бизнис стил целовкупно. Бидете внимателни да не претерате со накитот, бидејќи тоа изгледа многу непрофесионално. Да го најдте вистинскиот лимит во она што го носите,водете сметка да бидете умерени. Умереноста е најдобар рецепт во сите аспекти на животот.
Денешната бизнис жена може да биде многу стилизирана, женствена и притоа да си игра со боите. Но, бидете внимателни! Премногу шаренило  вашиот изглед во целинаќе го направат прилично смешен. Ако се одлучите за троделна деловна комбинација која ќе се состои од кошула, здолниште и палто, а во исто време сакате да внесете и малку боја, водете сметка. Палтото и здолништето мора да бидат иста боја, додека кошулата може да биде, дури и подобро е да биде во различна боја.
Интересните бизнис комбинации на облекување на современите деловни жени може да се состојат од тесен фустан и палто,придружувани со потпетици или рамни чевли. Чорапите во било која комбинација се потребни. За работа изберете потполно темни чорапи, црни, кафеави, или пак чорапи како бојата на кожата. Комбинацијата на панталони со кошула е исто така многу интересна.
Што се однесува до бизнис мажите, костумот е неопходен. Елегантните мажи во исто така елегантни костуми изгледаат многу убаво. Кошулите и вратоврските во различни бои во комбинација со одела во темни бои, се одличен избор.
Се вели дека костумот го прави човекот. Се согласувам со тој факт, но не смееме да заборавиме дека костумот не е за секој. За личноста да биде фина и достојна за бизнисот со кој се занимава, мора соодветно и да се однесува. Бидете дама и господин во секоја животна ситуација, а нормално и на работа.
 
Погледнете ги и останатите колумни од Александра ГрујиќМоден тренд за лето 2013
Како да носите црвен кармин за усниДојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна модна приказна, модни настан

loading...
Loading...