Проектот „Ало докторе“ откако започна со работа во септември 2014 година досега има примено над 84 илјади повици, со што Итната медицинска помош е растоварена за околу 30 проценти, рече денеска Министерот за здравство Никола Тодоров при посетата на базата на Итната медицинска помош во Поликлиника „Букурешт“.– Тоа се 84 илјади повици помалку во Итната медицинска помош, што значи дека таа повеќе може да се фокусира на навистина итните ситуации. На тој начин се забрзува и времето на одговор на повик и се намалува времето на чекање за добивање оператор. Со тоа се намалени за околу 30 проценти бројот на повици само како резултат на „Ало докторе“, рече Тодоров.
Тој посочи дека се работи и на зајакнување на домашната посета, затоа што ИМП во попладневните часови или за време на викендот многу често одговара на повици за пациенти болни во терминална фаза и тешко болни, ситуации каде што тимовите губат повеќе време за интервенција.
– Идејата е со зајакнување на домашната посета и во тој сегмент да се растовари ИМП. Со „Ало докторе“ ја растоваривме за околу 30 проценти, го зголемуваме бројот на тимови, отвораме нови дистални пунктови и идејата е со домашна посета таа да ја нема оваа обврска да оди и одговара на повик кај терминално болни, туку да оди и одговара на повик само кај итни, односно пациенти во животно загрозувачка состојба, истакна Тодоров.
Директорите, посочи тој, внимателно ги следат и сите поплаки. – Свесни сме дека не може да има 100 процентно задоволство, но целиот тим и директорите гледаат се повеќеда го намалуваат времето на одговор на повик. Што повеќе се намалува времето на одговор за повик, со тоа повеќе расте задоволството и кредибилноста, рече Тодоров.
При посетата, Тодоров потенцираше дека Итната медицинска помош во Скопје од овој месец е зајакната со нови тимови, возила и повисоки плати за докторите.
Директорката на Здравствен дом-Скопје Татјана Баевска Вучковиќ појасни дека станува збор за 25 нови тимови на доктор, сестра и возач, така што сега 50 тимови ќе бидат оперативни на терен од страна на службата за Итна медицинска помош.
– Со тоа ја доближуваме услугата, го скратуваме времето на одговор и секогаш одговараме првенствено на интервенција од прв степен. Сега со новите тимови ќе имаме побрз одговор, а со тоа и задоволството на граѓаните ќе биде поголемо, рече Вучковиќ.– Тоа се 84 илјади повици помалку во Итната медицинска помош, што значи дека таа повеќе може да се фокусира на навистина итните ситуации. На