Бо Мекејлеб: Во репрезентацијата сме како браќа

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Бо Мекејлеб, за српски „Спортски Журнал“ вели дека репрезентацијата функционира фантастично.„Од моментот кога пристигнав во Македонија сите играчи направија да се чувствувам како дома. Со години играме истиот состав и мислам дека така најдобро функционираме. Сите сме како браќа“ вели македонскиот репрезентативец.
Бо Мекејлеб вели дека репрезентацијата на Македонија ќе го достигне потребното ниво пред почетокот на Европското Првенство во Словенија.
„Има уште доволно време до почетокот на првенството и верувам дека кога ќе дојде тој период ќе бидеме на ниво, за потоа да растеме од натпревар на натпревар на самиот шампионат“ изјави Мекејлеб за „Спортски Журнал“.
Извор: derbi.mk„Од моментот кога пристигнав во Македонија сите играчи направија да се чувствувам како дома. Со години играме ис

Пронајдете не на следниве мрежи: