Боб Марли – Луѓето кои ти го превртуваат животот наопаку

Роберт Марли или познат како Боб Марли, пејач, текстописец и гитарист од Јамајка. Најпознат изведувач на реге музика, познат по популаризацијата на овој жанр. Ви пренесуваме еден негов текст, во негова чест, денес, на 68 години од неговото раѓање.
Длабоко верувам дека само еднаш во својот живот наоѓаш луѓе кои се во состојба да го превртат наопаку твојот свет. Ќе им кажеш работи кои не си ги споделил со ниту една душа и тие ќе впијат сè што ќе кажеш и всушност ќе сакаат да чујат уште.
Ќе ја делите надежта за иднината, соништата кои никогаш нема да се остварат, целите кои никогаш не се оствариле и бројните разочарувања со кои животот ќе ве почести. Не можеш да издржиш да не им кажеш кога ќе ти се случи нешто прекрасно, зашто знаеш дека ќе ја споделат твојата возбуда со тебе. Не им е срам да плачат со тебе кога си повреден или да се смеат со тебе кога правиш будала од себе.
Тие никогаш не ги повредуваат твоите чувства ниту поради нив се чувствуваш помалку вреден, туку те подигнуваат и ти ги покажуваат нештата во врска со тебе што те прават посебен, па дури и убав. Кога тие се во близина, никогаш нема притисок, завист или натпреварување, туку само тивка смиреност. Можеш да бидеш она што си и да не се грижиш за тоа што тие ќе мислат за тебе, зашто тие те сакаат поради она што си.
Нештата кои изгледаат безначајно за повеќето луѓе, како што е пораката, песната или прошетката стануваат непроценливо богатство кое се чува во срцето на сигурно до крајот на векот. Сеќавањата за твоето детство се враќаат и чувствуваш дека се толку јасни што ти изгледа дека повторно сте млади.
Боите изгледаат посветли и посјајни. Иако не е била честа појава или воопшто ја немало, смеата станува како дел од секојдневниот живот. Еден или два телефонски повици во текот на денот ти помагаат да го протуркаш работниот ден и секогаш ти ја враќаат насмевката на лицето. Во нивно присуство не чувствуваш потреба да зборуваш постојано, туку се чувствуваш задоволен што се во близина.
Нешта кои никогаш порано не те интересирале стануваат фасцинантни зашто знаеш дека се многу важни за таа личност која е посебна за тебе. Мислиш на таа личност во секоја прилика и кога работиш што било. Се присетуваш на неа од простите работи како што се бледо-синото небо, нежниот ветер, па дури и дождовниот облак на хоризонтот.
Го отвораш своето срца иако знаеш дека еден ден може да биде скршено и отворајќи го срцето доживуваш љубов и задоволство за кое никогаш не си мислел дека е возможно. Гледаш дека ранливоста е единствениот начин да му овозможиш на твоето срце да го почувствува вистинскиот притисок кој е толку реален што те плаши.
Наоѓаш сила да имаш вистински пријател и веројатно сродна душа која ќе ти остане верна до крај. Животот ти изгледа потполно поинаков, возбудлив и вреден за живеење. Твојата единствена надеж и сигурност е во уверувањето дека тие се дел од твојот живот.
Извор: 6yka.comРоберт Марли или познат како Боб Марли, пејач, текстописец и гитарист од Јамајка. На

Пронајдете не на следниве мрежи: