Есента со себе си ја носи својата магија, својата убавина и својата боја. Овие бои се боите кои ќе ја обележат оваа есен:1. Бојата на виното
Како и секоја есен, така и оваа не може да помине без тоновите на виното. Темна, лежерна и елегантна, зависно како ќе ја искомбинирате. Секој аксесоар во оваа боја е добредојден, посебно ако на себе имате земјени тонови. Секако, не го заборавајте и карминот во оваа боја.
2. Tегет
Прекрасна боја која може да се комбинира со сите останати. Но, доколку би сакале да ја искомбинирате со друга темна боја, бидете внимателни. Секогаш покрај тегетот носете некое светло парче гардероба или аксесоар кој ќе ја разбие темната монотонија.
3. Корална боја
Преубава зар не?!
Оваа боја е одличен избор за тмурните денови кои допрва доаѓаат. Боја која расположува во „депресивните“ денови. Но, внимавајте девојки како ја комбинирате доколку не сакате да го постигнете ефектот „too much“… Комбинирајте ја така што ќе носите убава блуза или панталона во ваква боја, но никако и едното и другото. Одлична комбинација се со црната, белата и кремавата боја.
4. Темно зелената и маслинестата боја
Дефинитивно, во вашиот плакар мора да поседувате барем едно парче облека која ја има токму оваа боја. Неверојатна боја која многу лесно се комбинира во овој период од годината. Одговара со сите пастелни и пудрести нијанси и секако, делува смирено и секако, опуштено.
5. Тиркизно сина
Доколку оваа боја ја комбиниравте летниот период и сè уште не сакате да се збогувате со неа сè до наредното лето, имате среќа…Оваа есен вашиот изглед и покрај останатите бои, ќе можете да го надополнувате и со оваа преубава тиркизно плава боја. Освежителна, пријатна и секако совршена за комбинирање.
Секако, доколку сакате и покрај овие ТОП 5 бои, да комбинирате и останати бои кои се ИН за оваа есен, ви нудиме една палета од фини бои кои секако, оваа есен ќе ја направат прекрасна и удобна за вас.
1. Бојата на виното
Како и секоја есен, така и оваа не може да помине без тоновите на виното. Темна, лежерна и елегантна,