Бомба во Белфаст, покрај влезот во едно основно училиште

Полицијата во Северна Ирска соопшти дека бомбата што била откриена покрај влезот во едно основно училиште во Белфаст, била наменета за да убие полицајци кои тука често минуваат или се запираат.Претставник на полицијата изјави за локалните медиуми дека бомбата е „дело на дисидентите на републиканското движење“ на северноирските католици.
Според полицијата, иако наменета за убивање полицајци, бомбата поставена во сабота пред полноќ, била голема закана и за цивилното население, пишува „Телеграф“.
Повеќе од 20 жители на тој дел на северноирскиот главен град, биле евакуирани додека траело демонтирањето на експлозивната направа.
Британскиот министер за Северна Ирска, Џејмс Брокеншир изрази „вчудоневиденост од откриената бомба“ за што ги обвини „дисидентите на републиканските терористи“ кои како што рече не се двоумат да ги „излагаат на ризик и децата“.
Сите политички партии од покраината го осудија инцидентот.
Претставник на републиканската партија Шин Феин остро го осуди поставувањето бомба покрај училиштето во северниот дел од Белфаст.
– Пораката за оние кои оставиле бомба е кратка- не сакаме да се соочуваме со смрт и убиства, затоа одете си од овде„- изјави претставникот на оваа партија Џери Кели, кој е пратеник во Собранието на Северна Ирска.
Училиштето до денеска наутро беше без ученици кои беа на распуст по повод велигденските празници.
Тој дел од северноирскиот главен град, меѓутоа, и кога нема училиште секогаш е полн со млади луге, посебно во вечерните часови.Претставник на полицијата изјави за локалните медиуми дека бомбата е „дело на дисидентите на републиканското движење“ на северноирските

Пронајдете не на следниве мрежи: