недела, 22 ноември 2026
Најново

Босански министер дел од масовна кафеанска тепачка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во угостителскиот објект „Волан“ во босанскиот град Бугојно дошло до масовна тепачка во која учествувал и министерот за боречки прашања на Федерацијата БиХ, Зукан Хелез.

 
 Според сараевски „Дневни аваз“, во тепачката што се одржала синоќа бил сериозно повреден сопственикот на локалот Бенјамин Хајдаревиќ.
Хајдаревиќ е сместен во болница, а за Аваз изјавил дека министерот Хелез, член на Социјалдемократската партија на БиХ, кој бил во друштво на најмалку пет лица, прв го нападнал него.
Хајдаревиќ и Хелез веќе имале несогласувања во друго кафуле, кои никогаш не ги решиле. И тогаш дошло до туркање, но освен пцости, немало поголем инцидент.Според сараевски „Дневни аваз“, во тепачката што се одржала синоќа бил сериозно повреден сопственикот на локалот Бенјамин Хајдаревиќ.

Поврзани вести