Бостон ги демолира Лејкерси

Бостон Селтикс убедливо го поразија тимот на ЛА Лејкерс со 116:95, во ’вечното дерби’, во американската професионална кошаркарска лига.Најтрофејниот тим во историјата на НБА лигата, до победата го предводеше Пол Пирс со 24 поени, седум скока и шест асистенции.Пирс, 12 од 24-те поени, постигна во серијата на Бостон од 23:8, со која Бостон кон крајот на третиот период го реши прашањето на победникот.Покрај Пирс, во шестата последовна победа на Бостон, уште се истакнаа Џеф Грин со 15 поени и Кевин Гарнет со 15 поени, пет скока и четири асистенции. Гарнет на овој натпревар ја мина бројката од 25.000 постигнати поени во кариерата, со што стана 16 играч во историјата на НБА кој ја минал оваа граница.Лејкерси не го избегнаа поразот и покрај тоа што беа посилни за Двајт Хауард, кој се врати на терените по повредата на рамото. Хауард мечот го заврши со девет поени и исто толку скокови.Коби Брајант со 27 поени беше најефикасниот играч на Лејкерси, каде двоцифрен број на поени постигнаа уште Џоди Микс 13 и Ентоан Џејмисон 11 поени.Убедлив триумф запиша и Денвер над Чикаго со 128:96, за екипата на Денвер ова беше осмата победа по ред во лигата.Шестмина кошаркари во победничката екипа постигнаа двоцифрен број на поени, најмногу Вилсон Чендлер 24, додека Кенет Фарид имаше учинок од 21 поен и 12 скокови. Во лошото издание на Чикаго единствена светла точка беше Карлос Бузер кој постигна 18 поени.
МакфаксБостон Селтикс убедливо го поразија тимот на ЛА Лејкерс со 116:95, во ’вечното дерби’, во американската професионална кошаркарска

Пронајдете не на следниве мрежи: