Бранка Кнежевиќ, девојката која глумеше дека е водителка, па го наседна српскиот премиер Ивица Дачиќ покажувајќи му го голото меѓуножје во „Невозможна мислија“, даде интересна изјава за српските медиуми, известува порталот Идивиди.
Улогата на водителка која ќе зборува со премиерот ја сфатив како голем предизвик. Поентата беше во тоа Дачиќ да биде сосема сигурен дека го видел она што мисли дека го видел. Со депилацијата на меѓуножјето не би го постигнале тоа, изјави Бранка, но истовремено напомена дека и било малку непријатно да седи пред премиерот бидејќи многу го почитува.
Српскиот премиер, сепак ќе биде оној кој последен ќе се смее, па покрена постапка за казнување на одговорните кои го емитувале ова видео во јавгноста.
Неговиот советник изјави дека Дачиќ не дозволил видеото да излезе во јавноста, јаде што јасно се гледа рекацијата на премиерот откако ќе го види голото меѓуножје на Бранка.
„Целиот случај ќе биде целосно испитан“, посочи Тончев додавајќи дека скриената камера „е потсмевање со Србија, а не со премиерот“.Бранка Кнежевиќ, девојката која глумеше дека е водителка, па го наседна српскиот премиер Ивица Дачиќ покажувајќи му го голото меѓуножје во