Бранко дали ти е јасно дека Кичево падна поради тебе? Дека ти го подари на тацна на ДУИ.
Мислам дека ти е јасно. Само се правиш дека не ти е. Така ти чини. Да се правиш жртва, а си сосема спротивното.
Гледам деновиве сите ти пишуваат дека си го продал Кичево, што е точно. Но никој не ти пишува зошто. Па еве јас да те потсетам. За да се оддолжиш на ДУИ што те врати на власт во 2002 година.
Но, тоа беше малку па им ја даде и Струга. Божем со одложена примена на територијалната поделба, но ѓаволот дојде по своето. И за тоа си ти крив. Ти му нанесе ненадоместлива штета на македонскиот народ и на унитарноста. За жал тие што сега доаѓаат на власт таму или ќе дојдат немаат исти цели со македонската држава и имаат други големи држава на памет. Ти тоа не го знаеше? Не ги гледаше дека убиваат македонци во 2001 година? Не ли ги виде, изброја тогаш мртвите?
Се чини дека не. Затоа што во 2004 веќе заборави на се. Ама се надеваше дека и македонскиот народ ќе заборави на се… Нема да е така. Сега ти е крајот. Ќе завршиш како најголем негативец во поновата македонска историја…
ВМРО-ДПМНЕ треба да моли бога да останеш, затоа што ти никогаш неможеш да победиш. Народот памети… Но, Македонија треба да се моли да се тргнеш, затоа што од тебе неможе да заздрави политичкото ткиво и да се работи на национален стратешки концензус и било какво обединување за спасување на унитарноста и територијата.
Да те потсетам за Тетово? Кој го даде во 1996? Кој овозможи мајоризација на албанците таму? Долга ти е листата на гревови. Време е да си одиш.
Бранко дали ти е јасно дека Кичево падна поради тебе? Дека ти го подари на тацна на ДУИ.
Мислам дека ти е јасно. Само се правиш дека не ти