Брисел предлага прифаќање на 50 илјади бегалци

Европската комисија предложи земјите-членки на Европската Унија да прифатат 50.000 бегалци во текот на следните две години директно од Африка, од Блискиот Исток и од Турција.ЕК предлага нова, необврзувачка програма за преместување на мигрантите со која во текот на следните две години во Европа би биле прифатени најмалку 50.000 најчувствителни бегалци на кои им е потребна меѓународна заштита.
За оваа програма е издвоен буџет од 500 милиони евра, со предвидени 10.000 евра помош за секој бегалец.
Брисел ја одреди оваа нова квота на денот кога истекува програмата за преместување на барателите на азил од Италија и од Грција. Според таа програма, дозволено е во текот на две години 29.000 луѓе да дојдат во ЕУ од Грција и од Италија, во однос на првичната бројка од 160.000 луѓе.
Во изминатите две години европските земји прифатија 23.000 бегалци претежно од Турција и од Блискиот Исток.
 
 ЕК предлага нова, необврзувачка програма за преместување на мигрантите со која во текот на следните две години во Европа би биле прифатени на

Пронајдете не на следниве мрежи: