БРИТАНСКИ ЏИХАДИСТИ поврзани со организација на Светското првенство во фудбал во Катар

Осомничени за поврзаност со трористички активности, британски џихадисти на кои им е забранет влез во Велика Британија,, се поврзани со инвестиционата група АЗФ од Катар, која е вклучена во промоцијата на оваа земја, за организацијата на Светското првенство фудбал во 2022 година.Минатиот месец АЗФ (Аспире Зоне Фоундатион) била коорганизатор на еден специјално организиран верски собир во чест на извесен број џихадисти и милитантни исламисти. На собирот во Доха, на кој биле и двајца високи членови на катарското кралско семејство, учествувале Мохамед ал Арифи кој во Британија се обвинува за ширење на радикалниот ислам и за регрутирање на млади британски муслимани, да војуваат како џихадисти во Сирија, како и Вагди Гонеим кому уште од 2009 година, му е забранет влаз во Велика Британија, информираат лондонските медиуми.
Од британските власти тој е обвинет за ширење на верска и расна омраза, за повикување на тероризам и за величање на Осама бин Ладен, како „херој и маченик“.
АЗФ е создадена од поранешниот катарски крал, Хамад Бин Калифа ал Тани, за промоција на оваа мала земја во Персискиот залив и за нејзино претворање во „светска спортска велесила“.
Преку оваа инвестициона група и нејзината спорска академија, во Катар гостуваа низа познати и уледни спортски имиња, како и неколку англиски фудбалски клубови, вклучувајќи го и „Манчестер Јунајтед“ за да одиграат егзибициони натпревари на терените на вештачка трева.
Откритијата за врските на инвестицона група, која работеше енергично, за да Катар ја добие организацијата на СП, со радикалниот, милитантен ислам и со џихадисти, одново го покренува прашањето за тоа дали ФИФА одбра вистина земја за домакин на првенството, особено што сега се зголемува и безбедносниот ризик за првенството, забележуваат медиумите во Лондон. Катар подолго време се посочува како земја „симпатизер на радикалниот исламизам“.Минатиот месец АЗФ (Аспире Зоне Фоундатион) била коорганизатор на еден специјално организиран верски собир во чест на извесен број џихадисти и мили

Пронајдете не на следниве мрежи: