Најдобро од се е што се подготвува многу брзо и лесноСостојки:
Килограм компир
3- 4 јајца
300 мл млеко
Малку путер
Вегета, сол, бибер
Лук по вкус
Подготовка:
Излупете го компирот, измијте го и исечете го по желба. За подобар вкус, пред да го печете компирот можете да го ставите во зовриена вода да омекне малку. Потоа, ставете го компирот во претходно намрснета тава за печење и зачинете по вкус.
Јајцата изматете ги заедно со млекото и малку вагета. Додадете лук. Прелијте го компирот со јајцата и млекото. Додадете и неколку парчиња путер. Печете во загреана рерна на 200 степени додека не порумени.Состојки:
Килограм компир
3- 4 јајца
300 мл млеко
Малку путер
Вегета, сол, бибер
Л