Брз колач со вишни

Уште еден одличен рецепт за колач со вишни… Старински, баш како што го правеле нашите бабиСостојки:
5 јајца
1,5 чаша шеќер
1 чаша јогурт
1 чаша масло
2 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво
400- 500гр вишни
Малку шеќер во прав за посипување
Најдобро е да користите чаша од 200 мл.
Подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги со миксер во цврст снег, и постепено додадете го шеќерот. Матете уште малку, па тргнете го миксерот. Додадете ги жолчките па полека измешајте со шпатула. Постепено додавајте ги останатите состојки и полека соединете ги со белките.
Кога ќе добиете хомогена смеса, сипете ја во претходно премачкано и набрашнето тавче. На тестото распоредете ги вишнитек ои претходно сте ги исцедиле од вишокот течност.
За вишните да не останат на врот од колачот, туку само малку да потонат во колачот, турнете ги малку надолу со врвот од ножот.
Ставете го колачот во рерна  загреана на 220 степени да се испече. Намалете на 180. Колачот се пече за кратко време, а готов е кога работ од тестото ќе се одвои од тавчето. Кога колачот ќе се олади исечете го и посипете со шеќер во прав.Состојки:
5 јајца
1,5 чаша шеќер
1 чаша јогурт
1 чаша масло
2 чаши брашно
1 кесичк

Пронајдете не на следниве мрежи: