Брза и вкусна салата со туна

Loading...

Погледнете го овој брз и едноставен рецепт за  салата која можете да ја јадете како вечера или пак како закуска помеѓу оброците. Се што ви е потребно е:
1 голема конзерва со туна
2-3 домати
1 марула
Црни маслинки
2 зелени пиперки
50гр. спирални макарони
2-3 јајца
малку мајонез
сол и бибер
магдонос
лук (по избор)
Начин на подготовка:
Сварете ги јајцата и тестенините и оставете ги да се оладат целосно. Јајцата исечете ги на четвртини. Исцедете го маслото од туната, а зеленчукот исечете го на поголеми парчиња.
Измешајте го мајонезот со туната, додајте сол и бибер по желба, ставете го ситно исечканиот магдонос и лукот (ако се одлучите да ставите) и сето тоа помешајте го заедно со тестенините.На крај додајте ги јајцата и зеленчукот и сервирајте врз исечената марула. Украсете со неколку маслинки.
На здравје!
 
Прочитајте повеќе: Летна салата со пченкаПогледнете го овој брз и едноставен рецепт за  салата која можете да ја јадете како вечера или пак како закуска п

loading...
Loading...