БРЗИ И ЛЕСНИ мини пици, готови за 15 минути

Овие вкусни залчиња ќе ги израдуваат вашите пријатели и домашните, ако спремате некоја собиранка или журка, а уште една добра причина зошто ви го препорачуваме овој рецепт, е затоа што се прави за 15 минути.  Ви ги претставуваме ФАНТАСТИЧНИТЕ И СИМПАТИЧНИ мини пици од тесто за тортиља.Потребни состојки:
– пакување тортињи
– моцарела (или друг кашкавал изрендан)
– сувомеснато по желба/чајна, врат, шунка…
– босилок или оригано
– кечап
Начин на подготовка:

Исечете ги тортиљите, точно да влезат во дното на калапчињата за мафини. Потоа додадете кечап, кашкавал, чајна и босилок. Печете на 180 степени 15 минути.
Ќе се изненадите колку брзо ќе исчезнат од чинијата. Навистина се прават брзо и лесно, а сите ќе излижат прсти и ќе ја пофалат вашата кулинарска умешност. 
Потребни состојки:
– пакување тортињи
– моцарела (или друг кашкавал изрендан)
– сувомеснато по желба/чајна

Пронајдете не на следниве мрежи: