Брзи и лесни за секоја прилика: ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ

Мало слатко задоволство за вас и вашата уста! Вкусни мафини кои потсетуваат на чоколадно суфле. Одличен избор за послужување на вашите пријателки проследено со добро црно кафе!
 
 СОСТОЈКИ:
 -6 јајца
– 150гр шеќер
– 70гр путер
– 150гр темна чоколада
-150гр лешник
– 1 прашак за пециво
 ФИЛ:
 – 100гр темна чоколада
– 60мл слатка павлака
– 60мл сок од портокал
– 1 лажица млеко

ПОДГОТОВКА:
– Одвојте ги белките од жолчките
– Блеките матете ги се додека не станат цврсти
– Жолчките матете ги со путерот
– Растопете ја чоколадата и додадете ја во смесата
– Во тава пропржете ги лешниците и сомелете ги
– Ставете ги во смесата и измешајте ги заедно со прашокот за пециво и белките
 – За филот најпрво стопете ја чоколадата за готвење со малку млеко
– Додајте ја слатката павлака за готвење и сокот од портокал
– Промешајте и оставете да се олади во фрижидер
– Наполнете ги калапите за мафини со смесата
– Ставете ги калапите во претходно загреана рерна на 180 степени и печети ги 15 минути.
 Декорацијата ја оставаме да биде по ваша желба.
 Пријатен апетит!СОСТОЈКИ:
 -6 јајца
– 150гр шеќер
– 70гр путер
– 150гр темна чоколада
-150гр лешник

Пронајдете не на следниве мрежи: