Брзи солени мафини со јајца – Појадок за 10 минути

Брзи солени мафини со јајца – Појадок за 10 минутиСостојки:
4 јајца
100 мл млеко
2 супени лажици брашно
1 мала лажичка сол
масло
Начин на подготовка:
Со миксер изматете ги јајцата со млекото, брашното и солта.
Отворете го фрижидерот и сецкајте што и да ви се јаде, во било која комбинација.
Може да направите:
– две мафини со тенки листови сланина
– две мафини со сецкана зелена пиперка и кисела павлака
– две мафини со коцки салама и фета сирење
– два мафина со сецкан домат и коцки фета сирење
– две мафини со туна.
Калапот за мафини намастете го (или печете во корпи за мафини) и распоредете го зеленчукот, месото, сирењето…што и да имате.
Смесата со јајца распоредете ја во секој калап, така што содржината едвај ќе ја надминува половината на калапот.
Можете одозгора да зтавите и пармезан по желба.
Печете 20 минути на температура од 180 С.
Состојки:
4 јајца
100 мл млеко
2 супени лажици брашно
1 мала лажичка сол
масло

Пронајдете не на следниве мрежи: