Брзо и лесно направете неодолива чоколадна пита!

Ако сте љубители на слатките работи оваа чоколадна пита е совршена за вас.Мало чоколадно задоволство кое многу брзо и лесно се подготвува.Потребно: 
● 300 г.мелени бисквити● 1 лажица како● 4 белки● 500 мл.јогурт● 300 г.чоколадо за готвење● 1 кесичка желатин● лешници за декорација
 

Подготовка: 
● Мелените бисквити помешајте ги со какаото и белките, да се добие хомогена смеса. Во округол калап ставете ја смесата и печете 10 минути на 180 степени.● Јогуртот сипете го во еден сад. Растопете ја чоколадата, додајте во неа неколку лажици од јогуртот за да се изедначи температурата, па целата чоколада сипете ја во садот со јогуртот и измешајте.● Желатинот подгответе го според упатството на кесичката. Разматете го со 4 лажици ладна вода, оставете да набабри, а потоа загревајте го и мешајте додека да се растопат сите грутки. Додајте ги јогуртот и чоколадото.● Прелијте преку испечената кора и оставете добро да се излади во фрижидер. Украсете со чоколаден прелив и лешници.Добар апетит!Потребно: 
● 300 г.мелени бисквити● 1 лажица како● 4 белки● 500 мл.јогурт

Пронајдете не на следниве мрежи: