Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска се заложи за одржување на предвремени избори како единствен демократски излез од актуелната политичка криза во земјата. Во Бугарија веќе три недели се одржуваат масовни антивладини протести. Конечната одлука за тоа дали ќе има избори, ја носи Парламентот.
Плевнелиев во телевизиско обраќање до јавноста изјави дека растечките тензии во Бугарија ќе придонесат за создавање на опасни поделби.
Владата на премиерот Пламен Орешарски стапи на власт по предвремените избори на 12 мај, кои се одржани по оставката на тогашниот премиер Бојко Борисов.
Протестите почнаа како реакција на именувањето на медиумскиот тајкун за шеф на безбедносната служба, кој во меѓувреме се повлече, но прераснаа во демонстрации против владата и политичарите воопшто.
извор: kurir.mkБугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска се заложи за одржување на предвремени избори како единствен демократск