Жителите на Дудинка, место во централен Сибир во среда наутро ги пречекало многу непријатно изненадување. Нивниот град, поради неверојатно ниски температури и пукање на главната водоводна цевка – се претворил во санта лед.Големото снежно невреме било фатално за главната градска водоводна цевка, која пукнала и за неколку моменти ги поплавила градските улици.
Фактот што надвор било – 40 степени не помогнало многу, па набрзо сета вода се заледила. Ледот наводно бил толку висок што луѓето кои живеат на приземје не можеле да излезат од своите куќи. Во градот нема топла вода и струја, но доколку судиме по фотографиите и видеата кои граѓаните ги споделиле преку социјалните мрежи, интернетот работи совршено.
„Доколку некој се двоуми колку е овде ладно, слободно нека ги погледне фотографиите кои ги праќаат нашите граѓани“, рекле од локалната заедница.
Големото снежно невреме било фатално за главната градска водоводна цевка, која пукнала и за неколку моменти ги поплавила градските улици.
Пронајдете не на следниве мрежи:



